Опис
Издржлив и повеќенаменски – за повеќе можности во вашиот фото бизнис
Frontier DE100-XD е компактен и високоефикасен фото принтер кој се одликува со исклучителна издржливост, врвен квалитет на слика и брза обработка. Дополнително, овозможува флексибилна конфигурација на системот за изработка на различни фото-производи што ги задоволуваат разновидните потреби на фото индустријата.
Frontier DE100-XD создава прекрасни фото отпечатоци со извонредна острина.
Прецизното поставување на најмалите капки мастило е клучот за одлични фото резултати
Fujifilm ја користи сопствената ViViDiA D-photo технологија со мастила со висока вискозност во 4 бои, комбинирана со печатна глава со висока резолуција од 1.200 × 1.200 dpi. Ова овозможува исклучително прецизна апликација на мастило со ултра-мали капки од само 1 пиколитар, што резултира со извонредно фини и живописни фотографии.
Системот VIVIDIA овозможува богата формација на бои и широк опсег на репродукција на бои.
Одговара на разновидните потреби на клиентите
DE100-XD поддржува различни формати на хартија, од 89×50 мм до 210×1.000 мм.
Може да се печатат фотографии во формат за паричник, класичен 4R, квадратен формат,
па дури и банери до 1 метар должина за внатрешна декорација.
| Ширина на хартија (mm) | 89/102/127/152/203/210 |
| Должина на хартија (mm) | 50 ‒ 1,000 |
| Тип на хартија | Glossy / Luster / Silk |
Компактен дизајн и лесно одржување за заштеда на простор и време
Со потребна површина од само 0.24 м², принтерот лесно се поставува и во помали простории.
Секојдневното користење и одржување се врши од предната страна – замената на мастилото, хартијата или
празнењето на корпата за отпад се прави едноставно преку отворање на предниот капак.
Димензии
Целосни спецификации
| Начин на печатење | Standard mode/High Quality mode |
|---|---|
| Метод на печатење | Пиезоелектричен инкџет систем |
| Големина на отпечаток | Од 89×50 мм до 210×1.000 мм |
| Брзина на печатење | Од 89×50 мм до 210×1.000 мм / Standard mode |
| Резолуција на печатење | 1,200×1,200 dpi / Standard mode 2,400×1,200 dpi / High Quality mode |
| Вчитување на хартија | 1 ролна |
| Типови на хартија | Сјајна / Полумат (Luster) / Свиленкаста (Silk)
|
| Кертриџи со мастило | 4 бои (цијан, магента, жолта, црна) (по 200 ml секоја боја) |
| Потребна површина | Околу 0.24 m2 |
| Напојување | AC100V-120V, 50/60Hz, 6.0A AC220V-240V, 50/60Hz, 3.0A |
| Димензии (мм) | Ш490 × Д495 × В354 (вклучувајќи го maintenance cartridge) |
| Тежина | Oколу 26,5 кг (без хартија и мастила) |
| Потрошувачка на електрична енергија | Просечно под 150W |
| Животен век на принтерот | 300.000 отпечатоци (10x15cm) или 3 години |







Критики
Нема критики сеуште.