Инструкции за онлајн купување
Ако го читаш ова, значи дека си на вистинското место – веб-страната Интер Фото е место каде што можеш да најдеш сѐ за твоите фотографии и изработка на истите.
Купувај онлајн, директно на веб-страницата.
Што се однесува до изборот на производи, целосно на тебе останува да (до)знаеш што сакаш. Дури и ако не си сигурен што сакаш, дефинитивно нашата широка палета на производи ќе ти помогне во донесување на твојата крајна одлука.
Кога ќе го најдеш производот, треба да кликнеш на црвено копче Додај во кошничка. После тоа над производот ќе се појави лента со следниот текст ,,Име на производот е додадено во Вашата кошничката’’, а во продолжение има црно копче Преглед на кошничка. Важно е да кликнеш на тоа копче и да ја провериш содржината на кошничката пред да продолжиш. Ако сè е во ред, продолжи да ги истражуваш останатите производи.
За да го нарачаш производот потребно е да кликнеш на копчето Продолжи кон наплата. Доколку имаш код за попуст истиот може да се искористи со внесување на кодот на полето Код за попуст, откако ќе го внесеш кодот потребно е да се кликнеш на копчето Примени купон, па да продолжиш кон кликнување на копчето Продолжи кон наплата.
Доколку веќе имаш купувано потребно е да кликнеш на текстот ,,Кликни овде за да се Најавиш’’. Се појавува поле на кое треба да внесеш само Корисничко име или email како и лозинката која ја имаш креирано претходно. За да продолжиш кликни на копчето влези.
Доколку имаш код за попуст потребно е да кликнеш на текстот ,,Кликни овде за да го внесеш твојот код’’. Откако ќе го внесеш кодот за попуст на полето Код за попуст, потребно е да кликнеш на копчето Примени купон.
Доколку си нов клиент потребно е да ги внесеш следните податоци на обележаните позиции:
- Име
- Презиме
- Земја/регион
- Адреса (Улица и број, доколку сакаш напиши ги и дополнителните информации како влез, спрат, стан… за полесно пронаоѓање од страна на курирот)
- Место/Град
- Држава/Регион
- Поштенски код/ZIP
- Телефон (незадолжително)
- Email адреса
Доколку сакаш да Креираш сметка само обележи го ова поле.Предноста на Креирање сметка на веб-страницата е што ја внесуваш оваа информација само еднаш. На овој начин секое твое следно купување ќе биде побрзо и полесно. Се разбира, можеш да го завршиш купувањето дури и ако не си регистриран корисник.
Откако ќе ги внесеш податоците, треба да избереш начин на плаќање. Можеш да избереш Плаќање при достава или Плаќање по фактура. Доколку е избереш опцијата Плаќање по фактура, твојата фактура ќе биде испратена на Email кој го имаш оставено во претходниот чекор. Твојата фактура ќе ја имаш во период од еден час.
Последниот чекор што те дели од купување е кликнување на копчето Направи нарачка. После ова, ќе добиеш е-маил за потврда со деталите за нарачката.
Сигурни сме дека ќе уживаш во шопингот!
