Бесплатна испорака за нарачка над 1500 ден.
Cart: 0.00ден 0

Општи услови за купување и преддоговорно информирање на потрошувачите 

 

Почитувани Потрошувачи, 

 

Ве молиме внимателно прочитајте ги Општите услови за купување и преддоговорно информирање на потрошувачите пред да купите. Во процесот на купување на веб-страната Интер Фото, Вие се согласувате со овие услови за купување и преддоговорните информации (во натамошниот текст: Општи услови и преддоговорни информации), со што потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и прифатиле. 

 

Општите услови за купување и преддоговорните информации ги регулираат условите за купување преку веб-страната Интер Фото (во натамошниот текст: веб-страна), правата и обврските на потрошувачите и другите прашања важни за функционирање на веб-странат во рамките на Интер Фото ДООЕЛ Штип,  со седиште на адреса ул. Ванчо Прке Бр.117/локал 6 Штип, е-пошта: (trajce@interfoto.com), која е заведена во Регистарот на деловни субјекти на 14.10.1999 година со матичен брoj: 5351138, ЕДБ: 4029999117425, регистрирана дејност 18.130 Услуги за подготовка на печатење и објавување.

 

Платформата е наменета за продажба на сопствени производи, а при нарачка на стоката преку веб-странат, потрошувачот склучува договор со трговецот Интер Фото (во натамошниот текст: трговец), односно влегува во купопродажен однос со трговецот. Општите услови за купување и преддоговорно информирање на потрошувачите се во согласност со Законот за заштита на потрошувачите, Законот за електронска трговија, Законот за трговија, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Купувањето направено преку веб-странат претставува склучување договор на далечина. Кога потрошувачот купува преку веб-странат, Општите услови и преддоговорните информации се составен дел на тој договор. 

 

Општите услови за купување и преддоговорно информирање ги вклучуваат следните информации и известувања кои се од важност за потрошувачите: 

Упатство за купување на веб-страната Интер Фото

Испраќање на Спецификација на нарачката, Потврда за купување и други документи на е-адреса 

Откажување на нарачката од страна на потрошувачот 

Процесот и фазите на купување на  веб-страната Интер Фото

Достава и пресметка на трошоци за достава

Бесплатна достава 

Начин и рок на достава 

Законска одговорност на трговецот за сообразност 

Трговска гаранција 

Приговори на потрошувачите 

Право на предомислување и повлекување од договорот за купопродажба 

Враќање на парите на потрошувачот во случај на повлекување од договорот за купопродажба 

Исклучоци од правото на повлекување од договорот за купопродажба 

Неуспешна достава 

Заштита на авторските и сродните права и други права на интелектуална сопственост 

Забрана за злоупотреба на веб-странат

Примање на комерцијални пораки 

Решавање на спорови 

Вонсудско решавање на потрошувачки спорови 

Заштита на лични податоци 

Валидност и измена на Општите услови за купување и преддоговорно информирање на потрошувачите 

 

Упатство за купување на веб-странат Интер Фото

 

Потрошувачот може да купи на веб-странат како регистриран корисник (регистрација преку е-пошта) или како гостин-корисник, при што ги остава своите податоци неопходни за реализација на купувањето, односно достава на стоката. Регистрацијата е бесплатна и на потрошувачот му овозможува одредени поволности, како што се: заштеда на време (побрзо купување секој следен пат).

 

На веб-странат  е дозволено купување во својство на правно лице или претприемач.

 

Во процесот на купување, потрошувачот изјавува дека е запознаен и се согласува со Општите услови за купување и преддоговорните информации и Политиката за приватност. По завршувањето на процесот на нарачка на стоката, потрошувачот на e-mail (e-адреса) добива Спецификација на нарачката. Оваа е-порака е потврда дека нарачката е обработена и понатаму се процесуира и не претставува склучување на договор за продажба на стока. Кога ќе се потврди дека стоката нарачана од потрошувачот е достапна во магацинот, односно кога курирската служба ќе ја подигне стоката за достава до потрошувачот, нарачката ќе биде потврдена и потрошувачот ќе добие Потврда за купување на e-mail (e-адреса), и тогаш се смета дека договорот за купопродажба е склучен. Согласно важечката регулатива пратката со производот/ите ќе биде снабдена од страна на трговецот со соодветна документација согласно позитивните прописи од областа на готовинските плаќања. Може да се случи одреден производ да го нема на залиха, за што потрошувачот ќе биде информиран. Веб-странат нема да биде одговорна пред потрошувачот доколку се случи одреден производ да не биде достапен во магацинот во дадено време. 

Испраќање потврди и други документи преку е-пошта 

 

Со оставање на e-mail адреса, потрошувачот дава согласност на e-mail адресата односно по електронски пат  да  му се достави  Спецификација на нарачката, Потврда за купување за купените производи, како и други документи поврзани со купопродажниот договор (Општи услови и преддоговорно информирање, формулари за барања за повлекување од договорот и сл.). Во одредени случаи и во согласност со регулативата како и процесите воспоставени на веб-странат, потребната документација согласно позитивните прописи од областа на готовинските плаќања на трговецот ќе се достави до потрошувачот во печатена форма во пратката заедно со производот/ите, а потрошувачот е свесен и се согласува дека во овие ситуации, покрај документите кои ги добива по електронски пат, потребната документација согласно позитивните прописи од областа на готовинските плаќања која е обврска на трговецот ќе ја добие во печатена форма.  

Откажување на нарачката од страна на потрошувачот 

 

Потрошувачот има право да ја откаже нарачката се додека нарачката не биде во магацинот подготвена за достава. Откажувањето на нарачката може да се направи преку телефонски број +389 71 210098 или преку e-mail web@interfoto.mk. Во случај на откажување на нарачката, потрошувачот добива известување дека неговата нарачка е откажана, известувањето за откажана нарачка може да биде за максимално 5 дена. 

Опис на производот и продажната цена 

 

Описот на производот, односно неговите основни карактеристики и продажната цена се истакнати до сликата на секој производ. Обврска на трговецот е да ги опише производите што е можно подетално, за да му обезбеди на потрошувачот оптимално ниво на информации за производот. Платформата не гарантира дека прикажаните податоци и сликите на производите се 100% точни и сигурни и без грешки. Доколку доставениот производ не се совпаѓа со описот на веб-страницата, потрошувачот може да поднесе приговор или да го врати. 

 

Во согласност со Законот за заштита на потрошувачите, обврска на трговецот е да ја истакне продажната цена на недвосмислен, јасен, лесно видлив и читлив начин директно до приказот или описот на производот, како и да се придржува до истакнатите цени и услови на продажба. Сите цени на производите прикажани на Платформата се конечни и вклучуваат ДДВ. Цените се наведени и се наплаќаат во денари. Трошоците за достава не се вклучени во цената, туку се наплаќаат дополнително, за кои е прикажана информативна пресметка.

Плаќање на веб-страницата

 

Производите кои ги нарачува преку веб-страницата, потрошувачот може да ги плати: 

    

  1. 1. Плаќање во готовина при достава

 

Производите се доставуваат до купувачите преку курирската служба со кои веб-страницата има потпишано договор за деловна соработка или со сопствен превоз. Договорот за деловна соработка ги дефинира правата и обврските на секоја од страните, кои се рефлектираат во времето и начинот на достава, обврските на курирските служби да известуваат за преземените пратки/производи, како и начинот на пренос/уплата на средствата добиени од потрошувачите врз основа на доставени пратки/производи. 

 

По приемот на стоката доставена од страна на курирската служба, потрошувачот го плаќа во готовина износот на доставената пратка наведен во Потврдата за купување, која се доставува до потрошувачот по електронски пат или со картица доколку курирската служба поседува терминал за наплата при достава. 

 

 

  1. 2. Плаќање по профактура

 

Купувачот својата нарачка може да ја плати по профактура која ќе му биде испратена откако нарачката ќе биде направена на веб-страницата и откако трговецот ќе утврди дека нарачаните производи ги има на залиха. И истата ќе се доставувa до купувачите преку курирската служба со кои веб-страницата има потпишано договор за деловна соработка или со сопствен превоз. Договорот за деловна соработка ги дефинира правата и обврските на секоја од страните, кои се рефлектираат во времето и начинот на достава, обврските на курирските служби да известуваат за преземените пратки/производи, како и начинот на пренос/уплата на средствата добиени од потрошувачите врз основа на доставени пратки/производи. 

 

Курирската служба ја прима готовината и го уплаќа износот на собраните средства на својата сметка отворена во банка. Курирската служба секојдневно составува извештај кој го испраќа до веб-страницата за претходниот ден, во кој е дадена спецификацијата на доставените пратки, како и износот на паричните средствата.

Термини и нивно значење 

 

Термините во овој документ го имаат следново значење: 

 

Веб-страна е „Онлајн продажен простор“ односно виртуелна продавница кое им овозможува на потрошувачите да купуваат производи или услуги.

 

Потрошувач е секое физичко лице кое набавува стоки или користи услуги за целите што не спаѓаат во рамките на неговата трговска, деловна, занаетчиска или професионална дејност;  со користење на веб-страницата Интер Фото.

 

„Трговец“ е правно лице кое снабдува стоки или дава услуги.

 

Крајни приматели на средствата, во смисла на одредбите на овој документ, се крајните корисници на средствата, имено Трговецот врз основа на продажба на производи/услуги навеб-страницата.  

Начин и јазик на комуникација 

 

Комуникацијата за време на траењето на договорниот однос, усно и писмено, што вклучува употреба на електронски средства за комуникација. се одвива на македонски јазик и неговото кирилично писмо, како и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на територијата на Република Северна Македонија и неговото писмо, што не ја исклучува можноста од истовремена употреба и на други јазици. За сите видови приговори и поплаки, потрошувачот/плаќачот и корисникот на средства/трговецот/курирската служба се обраќаат до означениот телефонски број или електронска пошта

Правила за користење код на веб-страницата

 

Доколку потрошувачот користи код добиен од трговецот при купување на веб-страницата, потрошувачот ги прифаќа и се согласува со следните правила за користење на кодот: Кодот содржи информации за издавачот, како и паричната вредност или износот на попуст добиен со кодот. Кодот се користи како платежно средство, т.е. со кодот потрошувачот врши уплата на веб-страницата или во висина на целата вредност на кошничката или во висина на дел од вредноста на кошничката. Добиениот код потрошувачот може да го искористи еднаш или повеќепати, без разлика дали нарачал еден или повеќе производи. Доколку при купувањето за кое се користи код, потрошувачот избрал повеќе производи, паричната/процентуалната вредност на кодот се дели пропорционално според учеството на ценовната вредност на поединечниот производ во вкупната вредност на кошницата. Во случај на враќање на средствата на потрошувачот за купување во кое го користел кодот (без разлика дали рефундирањето е направено врз основа на прифатено повлекување од договорот, прифатен приговор, неуспешна достава или оштетена/изгубена пратка), на потрошувачот му се враќа сумата што ја платил, односно за сумата платена со кодот потрошувачот нема право на поврат. 

Правна одговорност на трговецот за сообразност и обврска за замена со друга стока  

 

1. Во согласност со Законот за заштита на потрошувачите, трговецот кој ги продава производите на потрошувачот одговара за сообразноста на производите во период од две години од денот на доставата на производот.

Трговецот е одговорен за несообразност на доставената стока со договорот доколку: 

Несообразноста постоела во моментот на нејзиното предавање на потрошувачот, без оглед дали трговецот за тоа знаел, односно има законска одговорност за сообразност на стоката. 

Несообразноста се појавила по предавањето на стоката на потрошувачот, ако истата е последица од причина што постоела пред предавањето. 

Нема да се смета дека потрошувачките стоки не се во сообразност со купопродажниот договор ако, во времето на склучувањето на договорот, потрошувачот бил посебно информиран дека одредени карактеристики на стоката отстапуваат од објективните барања за сообразност и потрошувачот изрично се согласил со тоа отстапување при склучување на договорот. 

 
Стоката е во сообразност доколку кумуулативно ги исполнува следните: 

а) субјективни барања: 

-да е со опис, квантитет, квалитет и да поседува функционалност, компатибилност, интероперабилност и други карактеристики, како што се предвидени со договорот; 

-да е погодна за посебната намена за којашто потрошувачот ја набавува, за што трговецот знаел во моментот на склучување на договорот и истото го прифатил; 

-да е испорачана со сите додатоци, упатства, вклучително и за инсталација и корисничка поддршка, како што е предвидено со договорот и 

-да е ажурирана и дополнета како што е предвидено со договорот. 

б) објективни барања: 

-каде што е применливо, е погодна за намената за којашто стоките од истиот вид вообичаено се користат, согласно со прописите на Република Северна Македонија и на Европската Унија, техничките стандарди или во отсуство на такви технички стандарди, кодексите на однесување во соодветниот сектор; 

-каде што е применливо, го има квалитетот и одговара на описот на примерокот или моделот што трговецот му го ставил на располагање на потрошувачот пред склучување на договорот; 

-каде што е применливо, е доставена заедно со додатоци, вклучително и пакување, упатства за инсталација или други упатства, како што потрошувачот може разумно да очекува да добие и 

-да биде со количина и да го покажува квалитетот и другите карактеристики, вклучително и во однос на трајноста, функционалноста компатибилноста и безбедноста  што се вообичаени за стоката од ист вид и коишто потрошувачот може разумно да ги очекува, со оглед на природата на стоките и имајќи ги предвид кои било јавни изјави за посебните својства на стоките дадени од страна на трговецот или во негово име или од други лица во претходни фази на ист ланец на договори, вклучувајќи го и производителот, особено при огласувањето или при означувањето. 

 

Доколку доставената стока не е во согласност со договорот, потрошувачот кој го известил трговецот за несообразноста, директно, има право да бара од трговецот да ја отстрани несообразноста, без надомест, при што може 1) да бара бесплатно отстранување на несообразноста по пат на поправка или на замена на стоките; 2) да бара сразмерно намалување на цената или 3) да го раскине договорот. 

 

Потрошувачот има право да избере продавачот да ја поправи несообразноста на стоката со поправка или замена. 

 

Доколку не е можно да се отстрани несообразноста со поправка или замена, потрошувачот има право да бара соодветно намалување на цената или раскинување на договорот доколку: 

1) трговецот или лицето овластено од него не извршиле поправка или замена на стоката, соодветно, во разумен рок што не може да биде подолг од 30 дена од кога стоката е преземена; 

2) трговецот или лицето овластено од него не извршиле поправка или замена на стоката, соодветно, без значителни непријатности за потрошувачот; 

3) кога несообразноста се појавува и покрај обидот на трговецот или лицето овластено од него, соодветно, да ја отстрани несообразноста на стоката; 

4) кога несообразноста е од толку сериозна природа што може да оправда намалување на цената или 

5) трговецот или лицето овластено од него изјавил или е јасно од околностите, дека нема да ја отстрани несообразноста на стоката во разумен рок или без значителни непријатности за потрошувачот. 

 

 

Потрошувачот има право да бара замена, соодветно намалување на цената или да го раскине договорот поради истиот или друг недостаток на сообразност што се појавува по првата поправка, а повторната поправка е можна само со изречна согласност на потрошувачот. 

Ако несообразноста се појави во рок од три месеци од датумот на пренесување на ризикот на потрошувачот, потрошувачот има право да избере помеѓу барањето несообразноста да се поправи со замена, соодветно намалување на цената или да изјави дека го раскинува договорот, додека отстранувањето на несообразноста е можна со поправка со изречна согласност на потрошувачот. 

 

  1. Трговецот има обврска на барање на потрошувачот кој кај него има купено стока, а што не е соодветна во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини, истата да ја замени со стока што има соодветен квалитет, освен во случај на стока изработена по нарачка од потрошувачот.Трговецот ќе изврши замена доколку барање од страна на потрошувачот му е доставено на трговецот во рок од 15 дена сметано од денот кога стоката му е предадена на потрошувачот.  Замената на стоката со соодветен квалитет се врши ако стоката не била употребувана, ако се сочувани нејзините изглед, употребни својства, пломби и фабрички означувања, како и сметката што на потрошувачот му била издадена заедно со стоката.  Ако во моментот на поднесувањето на барањето од страна на потрошувачот трговецот нема соодветна стока, во смисла на стока што ќе одговара на неговите потреби, потрошувачот има право, по свој избор да бара: 

1)    да го раскине договорот и да бара враќање на платениот износ или 

2)    да ја замени стоката со друга соодветна стока кога трговецот ќе  располага со таква стока. 

Трговецот е должен да го извести потрошувачот кој барал замена на стоката дека располага со таква стока во рок што не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето за замена на стоката.  

Достава и пресметка на трошоци за достава 

Производите купени на веб-страницата се испорачуваат исклучиво на територијата на Република Северна Македонија.   

Пред да се нарача производот, на потрошувачот му се достапни информациите за трошоците за достава. При купување преку веб-страницата, потрошувачот се согласува со висината на трошоците за достава. Трошоците за достава се прикажани на Потврдата за купување, односно фактурата, која му е испратена на потрошувачот по е-пошта.       

Бесплатна Достава   

Бесплатна достава е достапна за потрошувачите кои имаат направено нарачка над 1500 денари, под следните услови:   

Начин и рок на достава 

Кога нарачува производ, потрошувачот  

 - Ја избира адресата на која сака да биде доставен производот (домашна адреса, адреса на канцеларија итн.). Доставата вклучува испорака до адресата на потрошувачот, за одредени габаритни производи, вклучува и достава преку прагот. Доставата не вклучува склопување, монтажа и поставување на уредот, отстранување на стариот уред, отстранување на амбалажата, приклучување на електрична мрежа итн. 

Рокот за достава на производот на адресата на потрошувачот се пресметува од моментот на потврдување на нарачката. На денот кога курирската служба ќе ја преземе пратката, потрошувачот добива известување по е-пошта дека пратката е преземена од курирската служба  и кога може да очекува достава. Доставата се врши секој работен ден во период од 08:00 до 17:00 часот. 

Достава и пресметка на трошоци за достава 

 

Производите купени на веб-страницата се испорачуваат исклучиво на територијата на Република Северна Македонија.   

Пред да се нарача производот, на потрошувачот му се достапни информациите за трошоците за достава. При купување преку веб-страницата, потрошувачот се согласува со висината на трошоците за достава. Трошоците за достава се прикажани на Потврдата за купување, односно фактурата, која му е испратена на потрошувачот по е-пошта.   
    

Бесплатна Достава   
   
Бесплатна достава е достапна за потрошувачите кои имаат направено нарачка над 1500 денари, под следните услови:   

 

Начин и рок на достава 

 

Кога нарачува производ, потрошувачот  

 - Ја избира адресата на која сака да биде доставен производот (домашна адреса, адреса на канцеларија итн.). Доставата вклучува испорака до адресата на потрошувачот, за одредени габаритни производи, вклучува и достава преку прагот. Доставата не вклучува склопување, монтажа и поставување на уредот, отстранување на стариот уред, отстранување на амбалажата, приклучување на електрична мрежа итн. 

 

Рокот за достава на производот на адресата на потрошувачот се пресметува од моментот на потврдување на нарачката. На денот кога курирската служба ќе ја преземе пратката, потрошувачот добива известување по е-пошта дека пратката е преземена од курирската служба  и кога може да очекува достава. Доставата се врши секој работен ден во период од 08:00 до 17:00 часот. 

Трговска  гаранција 

 

Трговска гаранција со гарантен лист подразбира обврска на трговецот или на производителот да гарантира за исправното функционирање на потрошувачките стоки во текот на определено време, сметајќи од нивното предавање на потрошувачот. Tрговецот и производителот се обврзани со одредбите и условите предвидени во гарантниот лист и во поврзаното огласување на потрошувачките стоки достапно пред или во моментот на склучување на договорот. Гаранцијата не ги исклучува или влијае на правата на потрошувачот во однос на сообразноста на производот со договорот. 

Гарантниот лист е документ во писмена или електронска форма или на друг постојан носител на евиденција, кој ги содржи сите информации наведени во член 111 од Законот за заштита на потрошувачите. Трговецот е должен да му го предаде гарантниот лист на потрошувачот доколку производот се продава со гаранција. Со прифаќање на овие Општи услови за купување и преддоговорно информирање на потрошувачите, потрошувачот се согласува дека, за производите за кои добива гаранција, гарантниот лист ќе му биде доставен во електронска форма по е-пошта. 

Приговори на потрошувачите 
 

Потрошувачот може да поднесе приговор за стоката купена на веб-страницата на телефонскиот број +389 71 210098 и на web@interfoto.mk.

Со поднесувањето на приговорот, потрошувачот има обврска да обезбеди доказ за купување (документација согласно позитивните прописи од областа на готовинските плаќања, спецификација на нарачка, потврда за купување) и по можност да обезбеди фотографии од приговараниот производ. 

 

Потрошувачот изјавува приговор за остварување на своите права по основ на несообразност, барање за замена, гаранција, како и поради неправилно пресметана цена, оштетување на пратката при транспорт и сл. Кога станува збор за остварување права од гаранцијата, потрошувачот може да поднесе приговор до трговецот во рокот за одговорност на трговецот (продавачот) врз основа на несообразност, а по истекот на тој рок, приговорот се поднесува до издавачот на гаранцијата.

 

Обврска на трговецот е да одговори на приговорот на потрошувачот во рок од 15 дена од денот на приемот на приговорот. Одговорот на трговецот на приговорот содржи одлука дали да се прифати приговорот, образложение доколку не го прифати приговорот и доколку го прифати потрошувачкиот приговор, конкретен предлог за разрешување на приговорот во кој е предвиден рок што не може да биде подолг од еден месец од приемот на потрошувачкиот приговор. Имено, доколку приговорот на потрошувачот биде прифатен, рокот за решавање на приговорот е 15 дена од денот на поднесувањето на приговорот или 30 дена за технички производи. 

При обработката на личните податоци на потрошувачот, трговецот постапува во согласност со прописите со кои се уредува заштитата на личните податоци. 

 

Трговецот е должен да постапи согласно предлогот за решавање на приговорот, доколку претходно добил согласност за тоа од потрошувачот. Роковите започнуваат да течат од денот на изјавување на приговорот. Рокот за решавање на приговорот завршува кога потрошувачот ќе го добие одговорот на трговецот на приговорот, со вклучен предлог за решавање на приговорот, а рокот за постапување согласно предлогот за решавање на приговорот продолжува да тече од денот кога трговецот ќе ја добие согласноста на предлогот за решавање на приговорот од страна на потрошувачот. Потрошувачот е должен да одговори на одговорот на трговецот најдоцна три дена по приемот на одговорот на трговецот. Доколку потрошувачот не се изјасни во предвидениот рок, ќе се смета дека не се согласува со предлогот на трговецот за решавање на приговорот. 

Доколку е потребно да се достави производот, во врска со кој е приговорот до трговецот за да се утврди оправданоста на приговорот, се смета дека приговорот е примен и законските рокови започнуваат од моментот кога производот, во врска со кој е приговорот, е пристигнат на адресата на магацинот од каде е доставен. 

Доколку трговецот од објективни причини не е во можност да го задоволи барањето на потрошувачот во договорениот рок, должен е да го извести потрошувачот за продолжување на рокот за решавање на приговорот и да го определи рокот (кој нема да биде подолг од 8 дена) во кој ќе го реши, како и да добие согласност од потрошувачот, што е обврзан да го евидентира во евиденцијата на примените поплаки. 

Потрошувачот го губи правото на приговор во случај на несоодветно ракување и користење на производот или склопување на производот што не е во согласност со упатството за употреба/монтажа, како и во случај да се изврши поправка или обид за поправка од неовластени лица/службеници. 

 

Приговори наредниот работен ден од денот на доставувањето 
 

Кога потрошувачот поднесува приговор наредниот работен ден од денот на доставата и приговорот се однесува на тоа  дека доставениот производ е оштетен при транспорт, трговецот се известува за приговорот и приговорот се препраќа до курирската служба. Курирската служба доаѓа на адресата на потрошувачот со цел да ја утврди фактичката состојба и да направи извештај. Доколку е потребно, курирската служба го зема производот за дополнително утврдување и проценка на настанатата штета. Поради оваа причина, пратката не треба да се препакува, туку да се остави како што пристигнала. Доколку се утврди одговорност на курирската служба за губење или целосно или делумно оштетување на производот, потрошувачот ги остварува своите права согласно Законот за поштенски услуги. 

Во законскиот рок од 8 дена, корисничката поддршка на Интер Фото, по комуникацијата со курирската служба, го известува потрошувачот за исходот од приговорот, и тоа: 

1) Дека приговорот е прифатен во целост или делумно и кои конкретни предлози за решавање на приговорот ги предложил трговецот: 

замена на производот; 

намалување на цената (враќање на потрошувачот делумен износ од малопродажната вредност); 

раскинување на договорот и враќање на средствата на потрошувачот во целосниот износ на малопродажната вредност на производот со придружните трошоци за достава; 

поправка (ако потрошувачот се согласи). 

Приговорот се смета за решен доколку потрошувачот прифатил еден од предлозите за решавање на приговорот. 

 

Ако приговорот е решен: 

при раскинување на договорот и враќање на средствата на потрошувачот во целосниот износ на малопродажната вредност на производот со придружните трошоци за достава, враќањето се врши на картичката на потрошувачот или на тековната сметка на потрошувачот со согласност на потрошувачот; 

со намалување на цената и враќање на делумна сума од малопродажната вредност на потрошувачот, со согласност на потрошувачот се врши враќање на картичката или тековна сметка на потрошувачот; 

со замена на производот се доставува друг производ до потрошувачот бесплатно, а приговорениот производ го подига и доставува курирска служба; 

со поправка со согласност на потрошувачот, приговорениот производ се поправа и се доставува до потрошувачот, без дополнителни трошоци за потрошувачот. 

 

2) Доколку приговорот е одбиен – 

Во овој случај, потрошувачот ги сноси трошоците за враќање на бараниот производ на неговата адреса. Враќањето на производот го врши курирска служба. Рокот во кој потрошувачот може да се согласи да го преземе огласениот производ е 15 дена од денот на приемот на одговорот на приговорот. По истекот на наведениот рок, Платформата и трговецот не се одговорни за приговорениот производ, ниту пак се обврзани да го чуваат производот. 

Доколку трговецот го одбие приговорот, должен е да го извести потрошувачот за можноста за вонсудско решавање на спорот и за надлежните органи за вонсудско решавање на потрошувачки спорови. 

 

Приговор поради нецелосна достава 

Доколку потрошувачот не ја добие целосната нарачка (на пример, недостасува еден производ), потрошувачот има право да бара враќање на средствата за тој производ, како и соодветниот дел од износот на доставата. Исто така, потрошувачот може да побара производот што недостасува дополнително да му биде доставен, а притоа потрошувачот не ги сноси трошоците. 

 

Приговор поради недоставување 

Доколку пратката не е доставена до потрошувачот (на пример, нарачаниот производ е изгубен/оштетен при транспорт), потрошувачот има право да поднесе приговор и да побара враќање на средствата за уплатениот производ и трошоците за достава. 

 

Приговор поради достава на погрешен производ 

Доколку погрешен производ е доставен на потрошувачот, потрошувачот има право да поднесе приговор и да побара враќање на парите и трошоците за достава. 

 

Приговор поради несообразност 

Приговори поради несообразност на доставениот производ потрошувачот може да поднесе во рок од две години од датумот на достава на производот.

Одговорот на трговецот на приговорот може да биде дека: 

приговорот е прифатен – во овој случај, трошоците за преземање на приговараниот производ се на товар на трговецот.  

Ако приговорот е решен: 

-со раскинување на договорот, обврска на трговецот е да ги врати парите на потрошувачот во целосниот износ на малопродажната вредност на производот со придружните трошоци за достава; 

-со замена, обврска на трговецот е да достави производ за замена на потрошувачот на свој трошок; 

-со намалување на цената, обврска на трговецот е да врати сразмерен дел од малопродажната вредност на потрошувачот, како и да му го врати огласениот производ на свој трошок; 

-поправка со согласност на потрошувачот, обврска на трговецот е да го поправи производот и да го достави поправениот производ до потрошувачот, без дополнителни трошоци за потрошувачот. 

 

приговорот е одбиен- во овој случај, трошоците за враќање на приговорениот производ се на товар на потрошувачот. Враќањето на производот го врши курирска служба. Рокот во кој потрошувачот може да се согласи да го преземе приговорениот производ е 15 дена од денот на приемот на одговорот на приговорот. По истекот на наведениот рок, ниту Платформата ниту трговецот не се одговорни за приговорениотт производ, ниту се обврзани да го чуваат производот. 

 

Согласно одредбите од Законот за заштита на потрошувачите, сите трошоци потребни за усогласување на стоката со договорот, особено трошоците за труд, материјал, наплата и достава, се на товар на трговецот. Затоа, доколку приговорот се прифати како основан, трговецот ги сноси трошоците за преземање на приговараниот производ од потрошувачот, дијагностицирање на дефектот/дефектот и трошоците за повторно доставување на нов производ или поправен приговаран производ (доколку потрошувачот побарал поправка). 

Кога тоа е применливо, горенаведените одредби во врска со одговорот на трговецот по приговор поради несообразност, ќе се применуваат и при одлучувањето по барањето за замена.  

 

Приговор во врска со трговската гаранција 

 

Во случај на приговор поради договорна гаранција, потрошувачот му се обраќа на трговецот доколку го поднесе приговорот во рокот во кој трговецот е одговорен за сообразноста на стоката, а по истекот на тој рок приговорот го поднесува на давателот на гаранцијата. 

 

Право да се предомислите и да се повлечете од купувањето 

 

Потрошувачот кој направил онлајн купување преку веб-страницата има законско право да се предомисли и да се повлече од договорот за во рок од 14 дена од денот на доставата и да го врати купениот производ без објаснување и дополнителни трошоци, освен трошоците за враќање на производот. 

Потрошувачот го остварува правото да се повлече од договорот со изјава што може да ја даде или испрати на посебен Образец за повлекување. Потрошувачот го испраќа пополнетиот и скениран формулар за повлекување на е-маил адресата:  web@interfoto.mk. Барање за повлекување може да се поднесе со јавување на телефонскиот број +389 71 210098. Со ова не се одзема правото на потрошувачот да испрати изјава за повлекување на купувањето директно до трговецот од кој ја купил стоката. По добивањето на барањето за повлекување, ќе му испрати на потрошувачот потврда за прием. 

Обврска на потрошувачот е да го врати производот без одлагање, а најдоцна во рок од 14 дена од денот на испраќањето на формуларот за повлекување. Потрошувачот го враќа производот на адресата на испраќачот наведена на етикетата за адреса која се наоѓа на транспортното пакување на пратката.  

Ако поради некоја причина адресата е нечитлива по отворањето на пратката, потрошувачот може да контактира за информации за адресата на телефонскиот број +389 71 210098.

Трошоците за враќање на производите во случај на повлекување на купувањето ги сноси потрошувачот. Доставата на производите од потрошувачот може да ја изврши курирската служба ангажирана од трговецот. 

Потрошувачот има обврска да го врати производот/ите во неоштетена состојба, во оригинална фабричка неоштетена амбалажа, со сите делови, неоштетена етикета, декларација и целосна документација што ја добил со производот (на пр. упатство за употреба/монтажа, гарантен лист, итн.). Потребно е потрошувачот да ја пакува стоката на пропишан или вообичаен начин за да избегне оштетување, што подразбира ставање на пратката во соодветно пакување (плик, кутија и сл.) за да се обезбеди содржината на пратката. При пакувањето потребно е да се земе предвид природата на предметната стока, т.е. транспортните карактеристики на предметите што се враќаат. Ако неколку ставки се испратени во една кутија, важно е тие да се одделат една од друга. Кревките предмети треба да се одделат едни од други и од аглите, страните, горниот и долниот дел на кутијата. Секој предмет треба да има 5 cm слободен простор од ѕидовите на кутијата и да биде обложен со обична или фолија со меурчиња. Ова го спречува оштетувањето што може да настане од предмети кои се допираат еден со друг од вибрации или удари што може да се појават однадвор. За горенаведеното обезбедување на пратката за понатамошен транспорт, потрошувачот може да ја користи амбалажата во која му е доставена пратката. 

 

По приемот на вратениот производ ќе се утврди дали производот е исправен и неоштетен. Потрошувачот е единствено одговорен за намалената вредност на производот што се јавува како резултат на ракување со производот на начин кој не е соодветен, односно го надминува она што е неопходно за да се утврди природата, карактеристиките и функционалноста на стоката. 

 

Обврска на трговецот е да му го врати на потрошувачот износот на малопродажната цена на купениот производ/ите и придружните трошоци за достава, најдоцна во рок од 14 дена од денот на добивањето на формуларот за повлекување. Трговецот може да го одложи враќањето на парите додека не ја прими пратката што треба да се врати или додека потрошувачот не обезбеди доказ дека ја испратил пратката назад. 

 

Доколку се утврди дека производот е неисправен или оштетен до тој степен што производот не може повторно да се продаде, враќањето на парите на потрошувачот ќе биде одбиено и курирската служба ќе му го врати производот на потрошувачот на негов трошок. Рокот во кој потрошувачот дава согласност да го преземе производот е 15 дена од денот на приемот на известувањето дека повлекувањето од договорот не е одобрено. По истекот на наведениот рок, Платформата и трговецот не се одговорни за производот, ниту се обврзани да го задржат производот. 

 

Враќање на парите на потрошувачот во случај на повлекување од договорот за купопродажба 

Во случај на повлекување од договорот за купопродажба од страна на потрошувачот, рефундирањето на потрошувачот ќе се изврши со враќање на паричните средства на картичката на потрошувачот. Доколку повратот на овој начин не е изводлив, средствата ќе се уплатат на тековната сметка по претходна согласност на потрошувачот. 

 

Исклучоци од правото на повлекување од договорот за купопродажба 

Во согласност со Законот за заштита на потрошувачите, потрошувачот нема право да се повлече од договорот доколку се работи за: 

 

договори за услуги кога услугата е целосно извршена, но доколку од договорот за потрошувачот произлегува обврска за плаќање само доколку извршувањето започнало со претходна изрична согласност на потрошувачот и со негово изрично прифаќање дека го губи правото на повлекување од договорот, откако договорот е целосно извршен од страна на трговецот; 

договори за набавката на стоки или услуги чијашто цена зависи од колебањата на финансиските пазари врз кои што трговецот нема влијание, а што можат да настанат за време на рокот за повлекување од договорот; 

договори за набавка на стоки изработени по спецификација на потрошувачот или на стоки што се очигледно прилагодени на потрошувачот (на пример, производи специјално дизајнирани за потрошувачот како што се печатење чаши, маици со слика или натпис според желбите на потрошувачот).  

 

Неуспешна достава 

Доколку потрошувачот одбие да ја прими пратката, таквите ситуации претставуваат неуспех да се достави пратката до потрошувачот. Неуспешната достава резултира со враќање на пратката на адресата на испраќачот.

    

Решавање на спорови 

Договорните страни се согласуваат дека одредбите од Општите услови и преддоговорните информации се толкуваат на начин што придонесува за извршување на договорните обврски за заедничка корист. Договорните страни се согласуваат да се обидат мирно да ги решат сите можни недоразбирања кои ќе настанат за време на траењето на договорниот однос. Доколку не го сторат тоа, надлежен ќе биде судот во Штип кој ќе ги применува законите на Република Северна Македонија. 

 

Вонсудско решавање на потрошувачки спорови 

Во согласност со Законот за заштита на потрошувачите, потрошувачот може да го реши спорот во вонсудска постапка за решавање на спорови, на начин утврден со тој Закон

Заштита на лични податоци 

„Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице; 

„Обработка на личните податоци“ е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување;(во натамошниот текст: обработка). 

 

Важење и промени на Општите услови за купување и преддоговорно информирање на потрошувачите 

 

Овие Општи услови и преддоговорни информации се усвоени и стапуваат на сила на 01.11.2023 годинa, Општи услови и преддоговорни информации се ажурирани на 01.04.2025. 

 

Интер Фото го задржува правото да ги измени овие Општи услови и преддоговорни информaции во согласност со променетите деловни услови и во случај на промени на законодавната рамка. 

 

Доколку некој услов или одредба од Општите услови и преддоговорните информaции станат неважечки, важењето на другите услови и одредби нема да биде доведено во прашање. 

Интер Фото е должен да го информира потрошувачот на пригоден начин кој е непосредно и постојано достапен за промените на Општите услови и преддоговорните информaции. Во овој поглед, потрошувачите можат повремено да ја посетуваат оваа интерет страница и да проверат дали Општите услови и преддоговорните информaции можеби се променети од нивната последна посета.